Антонијо Милошоски побара да се повлече законот за јазици бидејќи, како што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, се злоупотребувало европското знаме во партиски цели на денешната седница на Комисијата за европски прашања.
„Барам да се повлече законот бидејќи е спротивен на уставот и сите законски прописи. Барам министерот за правда да каже со кој акт или европска директива се усогласува законот. Барам и присутните дипломати да кажат кој е актот со кој се усогласува законот.ставањето на европското знаме е само смоквин лист за покривање на неуставноста и да се избегне дебата. Ги криете партиските интереси зад европското знаме”, рече Милошоски.
Комисијата во моментов е на пауза, поради караницата меѓу пратеникот Антонијо Милошоски и претседателот на комисијата Артан Груби, за тоа дали има деловничко право Милошоски за збор, или нема.