ЗАМЕНИКОТ ЃОНУЛ БАЈРАКТАР ГИ ПРЕЗЕМА МИНИСТЕРСКИТЕ ОВЛАСТУВАЊА ВО ТРУД И СОЦИЈАЛА

    ЗАМЕНИКОТ ЃОНУЛ БАЈРАКТАР ГИ ПРЕЗЕМА МИНИСТЕРСКИТЕ ОВЛАСТУВАЊА ВО ТРУД И СОЦИЈАЛАЗаменик министерот за труд и социјала Ѓонул Бајрактар на пуштање во употреба проширениот дел на градинката Праскичка, Росоман во октомври. (Фото: МТСП)

    Заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика, одлучи Владата на денешната седница.

    „Согласно став 2 на Член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа во делот 4 што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето“, соопштија од Владата.

    Министерката Рашела Мизрахи беше разрешена од Собранието во саботата, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ не предложи нов кандидат на позицијата што им следува во техничката влада пред распуштањето на парламентот во неделата.

    Владата на денешната седница поништи неколку решенија за распоредувања и наредби на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Меѓу поништените е и наредбата со која Зоран Јанаќијев се задолжува да извршува работи и задачи од работно место Командант на Единица за брзо распоредување во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира