ЗАМЕНИЦИ НА ДИРЕКТОРИТЕ ЌЕ ИМА ВО 12 ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ТОА СЕ МАЛ БРОЈ ПЛАТИ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ЗАМЕНИЦИ НА ДИРЕКТОРИТЕ ЌЕ ИМА ВО 12 ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ТОА СЕ МАЛ БРОЈ ПЛАТИ, РЕЧЕ ЗАЕВЗаменици на директорите ќе има само во оние јавни претпријатија во кои има вистинска потреба, кажа премиерот Зоран Заев при денешната посета на Клиниката за неврологија (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев вели дека заменици на директорите нема да добијат сите јавни претпријатија, откако беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија, и по реакцијата од јавноста.

    „Во некои од институциите излезе дека се потребни заменици на директорите. Затоа ги скративме на 12, од сите институции, мислам дека се 1.800. Ако сакаме МЕР да се развива со намера да ја споиме со ГАМА, да ја разгранува гасоводната мрежа барем по урбаните средини, затоа што се гради националниот гасовод, оти веќе се градат секундарните гасоводни мрежи во самите градови низ Македонија, и има потреба од соодветен менаџмент со соодветна одговорност. Во некои институции каде вистински има потреба, а нема заменици ефикасноста е помала. Некаде каде има има, но тоа не значи дека треба да се престане и да се бараат само директорски и заменички места. Ветивме дека ќе има рационализација на средствата за да може квалитативно да бидат насочени кон враќање кон граѓаните и кон капиталните инвестиции во тој правец ќе се движиме“, рече Заев.

    На прашањето колку средства ќе се одлеат од буџетот за јавните претпријатија кои ќе добијат и заменици на директорите Заев рече:

    „Тоа се 12 плати на администрација, и заедно со општините се мал број на плати. Ако тие ја дадат својата ефикасност нивните плати ќе бидат повеќекратно оправдани“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира