ЗАПЛЕНЕТ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    ЗАПЛЕНЕТ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМНакитот е запленет од лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул. (Фото: Царинска управа)

    Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје синоќа запленија над 43 килограми златен накит, соопшти Царинската управа. Оттаму велат дека ова е рекордна заплена на златен накит, која се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.

    „По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски ќеси, меѓу кои и накит од бело злато со дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката“, велат од Царинската управа.

    Лицето и накитот се привремено задржани и во моментот се спроведува истрага. За случајот веднаш e известен дежурниот јавен обвинител заради спроведување на понатамошни истражни дејства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира