ЗАПРЕА СИТЕ ТЕНДЕРИ, ТРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ ВЕБ-СТРАНАТА НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

    ЗАПРЕА СИТЕ ТЕНДЕРИ, ТРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ ВЕБ-СТРАНАТА НА БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИСпоред вработените и странки-добавувачи, ова е првпат со денови да не може да се открие и оттргне проблемот со веб-страната на Бирото за јавни набавки (Фото: Принтскрин)

    Веб-страната на Бирото за јавни набавки не е во функција трет ден. Сè додека не профункционира,блокирани се сите јавни набавки.

    Не може да се добие информација дали станува збор за хакерски напад и дали е загрозена базата на податоци за склучени договори на јавните институции.

    „Во моментов имаме технички проблем. Работиме на отстранување на проблемот. Моментално јавни набавки не може да се спроведуваат. Се надевам дека веб-сајтот брзо ќе биде во функција. Ќе следува официјално соопштение од кога ќе продолжат јавните набавки“, ни одговори Боре Хаџиев, директор на БЈН.

    Целата процедура за јавни набавки во државните органи, јавните претпријатија, агенции, училишта, фондови, во општините, оди преку сајтот е-набавки. Така е по закон. Оглас за јавна набавка, потоа добиени тендери, односно склучени договори за јавни набавки, по закон мора да се објават на веб-страната е-набавки.

    Според вработените и странки-добавувачи, ова е првпат со денови да не може да се открие и оттргне проблемот со веб-страната на Бирото за јавни набавки. Досегашните застои биле во траење од максимум 15-тина минути.

    Во Министерството за финансии нема кој да објасни какви се можните последици од падот на системот за јавни набавки.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира