ЗАРКО МИЛОШЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ

    ЗАРКО МИЛОШЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТВладата го назначи Милошевски кој досега беше помошник-директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ. (Фото: Влада на РСМ)

    Зарко Милошевски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), соопшти Владата откако го назначи на финкцијата на денешната седница. Милошевски на ова место доаѓа од функцијата помошник-директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот. Тој ја презема функцијата од Виктор Димовски, кој е назначен за амбасадор во Франција.

    „Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР, а неговата експертиза оттогаш до денес, кога е во Агенцијата за национална безбедност е во полето на спротивставувањето на насилен екстремизам, заштитата на уставното уредување како и во полето на спротивставувањето со тероризмот“, вели Владата.

    Милошевски своето професионално доусовршување го спроведува од 1999 до денес преку учество на повеќе домашни обуки организирани и имплементирани од страна на Единицата за специјални задачи при МВР и Бирото за јавна безбедност при МВР, како и на повеќе обуки во странство организирани и имплементирани од страна на Стејт департментот на САД, Министерството за правда на САД, Министерството за одбрана на САД, Федералното биро за истраги на САД, Дипломатската безбедносна служба на САД, како и Канадската безбедносна и разузнавачка служба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира