ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ШУТКА ЌЕ ВЕЖБААТ, ВО ДВОРОТ ПОСТАВЕНА ФИТНЕС ОПРЕМА

    ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ШУТКА ЌЕ ВЕЖБААТ, ВО ДВОРОТ ПОСТАВЕНА ФИТНЕС ОПРЕМАВо затворот наскоро за затворениците ќе почнат курсеви за компјутерски вештини. (Фото: КПУ затвор Скопје)

    Затворениците во затворот во Шутка од денеска ќе може да вежбаат фитнес. Во дворот на затворот поставена е фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор.

    „Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно поактивно учество во спортски активности и исполнување на нивното слободно време со корисни содржини, како облик на третман на кои се посветува подеднакво внимание како и на останатите облици на третман на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и социјална адаптација“, вели директорот на затворот Ѓоко Котевски.

    Од КПУ затвор Скопје соопштија дека наскоро за затворениците ќе почнат курсеви за компјутерски вештини. За почеток со основни компјутерски вештини, а потоа во зависност од интересот и напредни. Во затворот комплетно се реновирани и просториите за посета на адвокати, во соработка со Адвокатска комора.

    Меѓу притворениците во Шутка се и бившиот министер за образование Спиро Ристовски и ексдиректорот во УБК Владимир Атанасовски, кои се во притвор како осомничени за организација на нападот во Собранието на 27 април 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира