ЗАВРШИ НАГРАДНАТА ИГРА НА „СКОПСКО“, ДОДЕЛЕН ЏИП ЗА КАМПУВАЊЕ

    ЗАВРШИ НАГРАДНАТА ИГРА НА „СКОПСКО“, ДОДЕЛЕН ЏИП ЗА КАМПУВАЊЕДобитникот на главната награда Ристо Проданов беше извлечен во понеделникот и ја подигна во „Пивара“ Скопје. (Фото: Пивара)

    Извлечен е добитникот на џип за кампување со монтажен шатор, главната награда  на големата наградна игра на „Скопско“.  Наградната игра „Скопско за уживање. Награди за опуштање.“ траеше од 25 мај до 21 јуни и за првпат се реализираше преку апликацијата „Скопско“, каде што учесниците имаа шанса да освојат дневни, неделни и главна награда.

    Дбитникот на главната награда е Ристо Проданов беше извлечен во понеделникот и ја подигна во „Пивара“ Скопје.

    „Чувството е неописиво. Не ми се веруваше, но сега видов дека е вистинa и реалност. На сите ви посакувам многу среќа – верувајте и уживајте во ‘скопско’. Никогаш не знаете кога среќата ќе ви се насмее”, рече добитникот Проданов.

    Главната награда беше официјално доделена од генералниот директор на „Пивара“ Скопје, Огњен Лазиќ.

    „’Скопско’ не е само бренд и пиво, тоа е искуство што ги поврзува луѓето. Токму затоа не следиме трендови, туку создаваме моменти што остануваат, што се паметат и се делат со другите. Преку оваа наградна игра уште еднаш покажуваме дека сме таму каде што се создава вистинската радост, а секоја ваква награда е благодарност до оние што не избираат секој ден. Денес не славиме само добитник, славиме доверба, заедништво и генерации што живеат со ‘скопско’. Ристо е доказ дека приказната продолжува. Честитки и ти благодариме што заедно создаваме моменти што се паметат“, рече Лазиќ.

    Покрај главната награда, „Скопско“ додели и бројни награди за опуштање и забава како конзоли за играње, маси за фудбал, филмски сетови со проектор и машина за пуканки, сетови за скара и сетови за плажа.

    • Комерцијална објава

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира