ЗАВРШИ РАСПРАВАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ, ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОВЛЕКОА

    ЗАВРШИ РАСПРАВАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ, ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОВЛЕКОАПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски попладнево од собраниската говорница ја соопшти одлуката неговата партија да се повлече од расправата за разрешување на Марко Зврлевски по 12. продолженија на седницата. (Фото: СДК.МК)

    Заврши расправата за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски, откако тоа го побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие, како што рекоа, го добиле мислењето од Антикорупциската комисија, која наспроти експертската јавност и претседателот на Собранието Талат Џафери, тврди дека разрешувањето на Зврлевски во предизборен период, било кршење на Изборниот законик.

    Нешто по 18 часот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски побара збор процедурално и кажа дека штотуку го добиле мислењето од Антокорупциската комисија.
    „Со цел да не бидеме дел, од овој момент и официјално, од противзаконската постапка, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напуштаат оваа точка од седницата, иако се пријавени за збор уште 9 луѓе и тоа може да се одолговлекува со денови. Нема да учествуваме во оваа антизаконска и противзаконска постапка“, кажа Димовски.

    ЗВРЛЕВСКИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ СМЕНИ ОТИ ТАКА БИЛО ПОРАНО, ОЦЕНИ АНТИКОРУПЦИСКА ЧИЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ Е ДОНАТОР НА ВМРО-ДПМНЕ

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа, а за последиците од разрешувањето, рекоа дека одговорноста ќе ја носи Џафери.
    „Нема потреба да се објаснувам по ова прашање. Затоа јас им заблагодарувам на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои на ваков начин решија после месец дена да ја завршат својата борба за вистината по однос на она што беше тема на дискусија овие денови. Граѓаните уште еднаш ќе ценат и ќе проценат најмалку збореа за она што беше точка на дневен ред, а збореа за се и сешто“, рече Џафери.
    Седницата за гласање за разрешувањето на Зврлевски треба да биде закажана дополнително.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира