ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЛИЦА ОД ЦЕЛАВА ЗЕМЈА КОИ РАБОТАТ СО КОВИД БОЛНИ ОД ДЕНЕС СЕ ВАКЦИНИРААТ СО РУСКАТА „СПУТНИК“

    ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЛИЦА ОД ЦЕЛАВА ЗЕМЈА КОИ РАБОТАТ СО КОВИД БОЛНИ ОД ДЕНЕС СЕ ВАКЦИНИРААТ СО РУСКАТА „СПУТНИК“Сите 3.000 дози вакцина „спутник“ кои стигнаа на 7 март ќе се користат за прва вакцина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Здравствени работници од скопските клиники и од Прилеп кои работат со ковид пациенти, денеска ја примија првата доза од руската вакцина „спутник“ во Поликлиниката „Јане Сандански“. Вкупно нарачани се 200.000 дози, станува збор за вакцини коишто се различни во делот на вакцинација и ревакцинација, што значи дека сите овие 3.000 дози кои стигнаа на 7 март ќе се користат за прва вакцина.

    Вакцинацијата против ковид-19 во земјава почна на 17 февруари со вакцината на „Фајзер“ добиена од Србија. Досега се вакцинирани над 3. 700 здравствени работници. Денес во Поликлиниката „Букурешт“ почна ревакцинацијата со „Фајзер“.

    „Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата“, вели Министерството за здравство.

    Вакцината „спутник “ се чува на -20 степени, во Поликлиниката „Јане Сандански“.

    „Станува збор за замрзнат раствор, тоа значи дека за разлика од ‘фајзеровата’ вакцина којашто се раствораше и од една вијала се вадеа шест дози, ова е една вијала од 0.5мл за еден корисник на вакцината. Во однос на вакцинацијата, има упатство за претпазливост само кај трудници и доилки и никаква друга контраиндикација“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

    Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека земјава досега има платено 2.350.000 вакцини – 800.000 нарачани од „Фајзер“, 800.000 по „Ковакс механизмот“, 200.000 од „Синофарм“, 200.000 „спутник“ и  дополнително од ЕУ околу 250.000 вакцини.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира