ЗДРУЖЕНИЕТО „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“ ОТВОРИ ЛИНИЈА ЗА ПСИХОЛОШКА И ПСИХОТЕРАПЕВТСКА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    ЗДРУЖЕНИЕТО „ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ“ ОТВОРИ ЛИНИЈА ЗА ПСИХОЛОШКА И ПСИХОТЕРАПЕВТСКА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИВесна Алексовска, претседател на здружението „Живот со предизвици“, вели дека Линијата за помош на лицата со ретки болести и нивните семејства ја отвориле со дел од средствата кои ги добија лани од Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и дека луѓето ќе може да директно да побараат помош од психологот и психотерапевт Ивана Хаџиванова од НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација (Фото: Живот со предизвици)

    Лицата со ретки болести и нивните семејства отсега ќе добиваат психолошка и психотерапевтска поддршка ќе добиваат во НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Оваа поддршка за семејствата и лицата со ретки болести ја обезбеди здружението за лица со ретки болести „Живот со предизвици“, а линијата за помош ќе се одвива во отворена комуникација по телефон, електронска пошта, фејсбук, вајбер, состаноци лице во лице, средби на семејства.

    Од здружението велат дека линијата за помош е за информативна поддршка, за насочување и поддржување на пациентите за остварување на нивните права во однос на здравствени и социјални услуги.

    Весна Алексовска, претседател на здружението „Живот со предизвици“, вели дека од овој месец потпишале договор за соработка со НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација, за да понудат индивидуални психотераписки сесии, партнерска терапија и советување, семејна терапија и советување, психолошко советување за родители, психолошко тестирање со изработка на наод и мислење, и други услуги кои им се потребни на семејствата кои се соочуваат со некоја ретка болест.

    „Поддржувајќи ги пациентите во изминатите десет години, свесни сме дека е потребна психолошка поддршка не само за пациентите, туку за целокупните семејства, бидејќи ретката болест не е товар само на тој што ја има туку на целото семејство. Затоа решивме дел од средствата добиени од Фондација Трајче Мукаетов во 2018 година да ги насочиме токму кон обезбедување на бесплатни психолошки и психотераписки услуги за семејствата со ретки болести. Граѓаните кои се соочуваат со ретка болест може да се обратат директно до НЕОКОРТЕКС до м-р Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт, тренер, на телефонот 075 273-768, да си закажат термин и да ја добијат поддршката која им е потребна. Се надеваме дека достапноста на услугата и гарантираната анонимност ќе придонесе кон поголема помош и поддршка за семејствата со ретки болести и подобрување на нивниот квалитет на живот“, вели Алексовска.

    Таа рече дека со ваков вид поддршка на лицата со ретки болести и нивните семејства сега почнуваат во Скопје, а до крај на година ќе одржат и работилница за и психолози од други градови.

    „Со оваа работилница сакаме тие да се обучат за работа со семејства со ретки болести, да се споделат искуства и да се помогне на сите на кои тоа им е потребно“, рече Алексовска.

    Здружението „Живот со предизвици“ годинава полни 10 години од своето основање, и велат дека Линијата за помош е само една од услугите кои годинава ги отвораат за пациентите со ретки болести и за нивните семејства.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира