Зеќир Рамчиловиќ е нов потпретседател на Собранието, откако беше избран на денешната седница со 62 гласови „за“ и 12 „против“. Рамчиловиќ од 1 ноември делува како независен пратеник, а претходно беше дел од осумчлената Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој беше предложен за потпретседател од СДСМ и ДУИ.
Рамчиловиќ доаѓа на местото на Весел Мемеди од НДП, кој во јули си поднесе оставка на пратеничката функција, откако премиерот Зоран Заев го разреши министерот за локална самоуправа од неговата партија Сухејл Фазлиу и го замени со Горан Милевски од ЛДП.
Потпретседатели на Собранието се уште Горан Мисовски од НСДП и Фросина Ташевска-Ременски и СДСМ.