СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАВРОВСКО, НАЈСИЛНИОТ СО ЈАЧИНА ОД 4,7 СТЕПЕНИ

    СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАВРОВСКО, НАЈСИЛНИОТ СО ЈАЧИНА ОД 4,7 СТЕПЕНИСпоред Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот бил на 18 км југозападно од Гостивар. (Фото: Принтскин)

    Земјотрес со јачина од 4,7 степени се почувствува вечерва во во 22.17 часот во Маврово, Скопје и северозападниот дел од земјава. Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот бил на 18 км југозападно од Гостивар.

    Десетина минути подоцна следеше уште еден помал потрес. Според американското биро за геолошки истражувања вториот земјотрес бил регистриран во 22.18 со интензитет од 4,2 степени 8 километри југоисточно од Ростуша.

    Епицентарот и на двата земјотреси бил на 10 километри под земјината кора.

    Три часа претходно имаше уште еден потрес со јачина од 3.0 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира