Српскиот министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажа дека Србија направила грешка кога пред 20 години ја признала Македонија под уставно име по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, објави агенцијата „Мета“.
„Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно спрема Грција, а Скопје секогаш имаше негативен став спрема прашањето за Косово и Метохија. Тие ја признаа независноста на Косово и гласаа за прием на Косово во УНЕСКО“, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека Србија нема да повлекува никакви потези кои би можеле да ја нарушат стабилноста на регионот и дека „за разлика од некои други народи, Србија нема територијални претензии кон делови на Грција“.