ЖИТЕЛИТЕ НА ЉУБОТЕН ЖИВЕАТ ОД ОДГЛЕДУВАЊЕ ТУТУН И БОСТАН, НЕ СУМ ЗАПОЗНАЕН ДЕКА ИМАЛО ШВЕРЦ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СМИЛЕВСКИ ПО АКЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА

    ЖИТЕЛИТЕ НА ЉУБОТЕН ЖИВЕАТ ОД ОДГЛЕДУВАЊЕ ТУТУН И БОСТАН, НЕ СУМ ЗАПОЗНАЕН ДЕКА ИМАЛО ШВЕРЦ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СМИЛЕВСКИ ПО АКЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈАПретрес, како што вели градоначалникот Смилевски, се правел во шест куќи при што запленета е поголем количин тутун.(Фото: Општина Бутел)

    Во селото Љуботен основна дејност на жителите е одгледување на тутун и бостан, не сум запознаен како градоначалник дека имало шверц, вели градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски по денешната акција на Финансиската полиција за шверц на тутун.

    Акцијата во скопското село Љуботен заврши по што запленета е поголема количина тутун. Претрес како што вели Смилевски се правело во шест куќи.

    „Јас како градоначалникот не сум запознаен дека во Љуботен се шверцувало тутун. Тука луѓето живеат од одгледување на тутун и бостан. Побарав од полицијата сето она што е запленето, а не станува збор за шверц да им биде вратено на луѓето“, вели Смилевски.

    Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска спроведе акција во скопското село Љуботен врз основа на сомнение за сторени кривични дела криумчарење на акцизна стока и царинска измама.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари