ЗНМ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО ПАРТИСКИТЕ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ФОРМИРАЊЕ АД ХОК ТЕЛО ЗА МЕДИУМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ЗНМ НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО ПАРТИСКИТЕ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ФОРМИРАЊЕ АД ХОК ТЕЛО ЗА МЕДИУМИ

    „Договорот на партиите за медиумите е обична политичка фарса и не обезбедува вистински реформи во нив. Во овој договор нема одржливи решенија со кои ќе се ослободат медиумите од контрола на партиите. Напротив, договорот уште повеќе ќе го партизира медиумскиот систем“, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во однос на формирањето на ад хок тело кое го предвидува новиот постигнат договор меѓу партиите.

    ЗНМ нема да учествуваат во предвидените партиски консултации со новинарските организации за формирање на ова тело.
    „Формирањето на ад хок партиско тело во рамките на Агецијата за медиуми, кое треба да го надгледува известувањето на медиумите сто дена пред изборите, е неприфатливо за нас. Единствено решние е избор на нов совет на Агенцијата, каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа, ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за формирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи и партиски решенија, кои нема да бидат во интерес на новинарите” изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
    Според ова новинарско здружение, апсурдно е и решението за МРТ.
    „Партискиот уредник на власта, ќе се замени со партиски послушник од опозицијата. Со тоа, уште повеќе ќе се засили партискиот притисок врз МРТ, која наместо сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси”, додава Селмани.
    Според него, Агенцијата за медиуми и Македонската радио-телевизија остануваат под контрола на владејачките партии.
    „Ново е што можност да врши притисок врз овие институции добива и опозицијата. Наместо независно и професионално регулаторно тело и МРТ, сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијанија”,  додаваат од таму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари