ЗНМ: СО НОВИНАРИ ВО ЗАТВОР НЕМА СЛОБОДА НА МЕДИУМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗНМ: СО НОВИНАРИ ВО ЗАТВОР НЕМА СЛОБОДА НА МЕДИУМИ

     

    Додека целиот демократски свет го слави денот на слободата на печатот, ние дојдовме пред затворот во Шуто Оризари затоа што неговата симболика најдобро зборува за нашата неслобода, рече денес Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

    „Зад овие ѕидини е притворен новинарот Зоран Божиновски, поради неосновани обвиненија. Неговата единствена вина е што имаше храброст да пишува за грдото лице на власта, за нејзините лаги, криминал и неморал. Тие што Македонија ја претворија во Големо уво не можат да обвинат други за шпионирање. Амнестираните за криминал не можат да вперат прст против други за наводно злосторничко здружување. Со кој образ оваа власт може да обвини новинар за уцена, кога владеат единствено преку уцени и притисоци“, рече Селмани.

    ЗНМ се солидаризира со колегата Божиновски, а со симболичното собирање во Шутка му порача дека останува со него се додека не биде слободен.

    Претседателот Селмани уште еднаш укажа дека новинарите се затвораат, се тепаат, заплашуваат, прислушуваат, етикетираат и се дискредитираат со единствена цел да не говорат за злоупотребите на власта, а медиумите поради корупциските врски со власта, станаа пропагандна машинерија за манипулација со граѓаните.

    „Власта упорно одбива реформи во медиумите, кои значително ќе ја подобрат состојбата со слободата на изразувањето. Мора да престане насилството врз новинарите, а насилниците најостро да се казнат. Македонската радио-телевизија мора да биде сервис на граѓаните и медиумскиот регулатор мора да биде независен од политички влијанија. Уставот на Македонија ја гарантира слобода на печатот, но власта не дозволува ова право да заживее. Јасно и порачуваме на власта дека под ниедна цена, нема да се откажеме од нашата борба за слободата на изразувањето“, рече Селмани.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари