ЗОШТО ДА НЕ ПРАЗНУВАМЕ ЗАЕДНО, ДА СЕ СТЕПАМЕ АКО НЕ, КАЖА БОРИСОВ ПО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

    ЗОШТО ДА НЕ ПРАЗНУВАМЕ ЗАЕДНО, ДА СЕ СТЕПАМЕ АКО НЕ, КАЖА БОРИСОВ ПО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВОБугарскиот премиер Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Владата на РМ. (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов одговори дека е подобро заеднички да ги славиме празниците, отколку да се тепаме, бидејќи тоа сме го правеле во минатото и резултатот е осиромашен и заостанат Балкан на новинарско прашање зошто Македонија и Бугарија да го слават заедно Илинден, кога не се иста држава.

    „Зошто да не го празнуваме заедно, да се степаме тогаш ако сакате. Многу пати сме се тепале и сите сме големи. Голема Бугарија, Голема Албанија, Голема Србија, Голема Македонија. Со војните направивме Балканот да е најбедното и најзаостанато место на Европа. Ние со колегата сакаме да одиме напред и да го стигнеме рамништетото на Германија, Австрија, Холандија, Франција… Тој празник и ние го почитуваме, извините што го празнуваме“, рече Борисов на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Владата.

    Борисов, кој е во дводневна посета на Македонија, со Заев денеска го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира