ЗОШТО САМО ДВА АВТОБУСА ОД БИТОЛА ГО БРАНЕА ТАЛЕВСКИ ВО СКОПЈЕ Е НЕУМЕСНО ПРАШАЊЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:359:"САКАМДАКАЖАМ.МКнеофицијалнодознавадекаделодчленствотонаВМРО-ДПМНЕеподголемпритисокнапартијатадаизлегуванасобиритезаподдршканаТалески,иаковоБитоласесобираатодвај200лица";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗОШТО САМО ДВА АВТОБУСА ОД БИТОЛА ГО БРАНЕА ТАЛЕВСКИ ВО СКОПЈЕ Е НЕУМЕСНО ПРАШАЊЕ

    Претседателката на Советот на општина Битола Силвана Ангелевска рече деке е неумесно прашањето зошто за вчерашниот протест пред Апелациониот суд за поддршка на Талевски одвај два автобуси заминале од Битола за Скопје!

    Таа на прашањето на новинар: „Што прави ВМРО ДПМНЕ за да го мобилизира членството кога за вчерашниот протест пред Апелациониот суд за поддршка на Талевски одвај два автобуси заминале од Битола за Скопје?“, одговори: „Тоа е неумесно прашање и не е точно тоа што го зборувате“.

    Новинарот беше упорен и пак ја  праша  Ангелевска: „Се повикувам на цела своја морална и кривична одговорност дека ова што го зборувам (за автобусите) е точно, дали ова го оценувате како  партиски дебакл?“. Претседателот на Советот  Ангелевска не одговори на ова прашање.

    Повикувајќи се на пресовите на опозицијата, новинарот ги праша советниците за што го бранат Талевски, дали за ветените и нереализирани проекти како што е реновирањето на стадионот под Тумбе кафе или Офицерскиот дом. Ангелевска рече дека проектите ќе се спроведат во наредниот период.

    САКАМДАКАЖАМ.МК  неофицијално дознава дека дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ е под голем притисок на партијата да излегува на собирите за поддршка на Талески, иако во Битола се собираат овај 200 лица.  Исто така, неофицијално дознаваме дека висок функционер на партијата од Битола испраќал пораки во централата во Скопје дека поодршката за градоначалникот не е на потребното ниво, па од таму се зголемувал и притисокот за што поголема масовност на собирите за Талевски.

    Битолскиот градоначалник веќе два дена е во домашен притвор како осомничен за случајот „Транспортер“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари