ЗВУЧНИЦИТЕ ВО СУДНИЦАТА ВЕЧЕРВА СЕ НАМЕСТЕНИ ЗА БОМБИТЕ ОД „ТЕНК“, ОДБРАНАТА СЕ БОРИ ЈАВНОСТА ДА НЕ ГИ ЧУЕ

    ЗВУЧНИЦИТЕ ВО СУДНИЦАТА ВЕЧЕРВА СЕ НАМЕСТЕНИ ЗА БОМБИТЕ ОД „ТЕНК“, ОДБРАНАТА СЕ БОРИ ЈАВНОСТА ДА НЕ ГИ ЧУЕОбвинетите Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски од МВР бараат потврда на автентичноста на разговорите. - Никола Груевски пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Иако Апелациониот суд ги прифати сите прислушувани разговори како докази, кои ги прибра СЈО и се поткрепа на обвиненијата што ги поднесе, сепак, во моментов на судењето на предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес за потребите на Никола Груевски, сепак, обвинетите и одбраната со серија приговори бараат судијката Добрила Кацарска да не ги пушта.

    Обвинетите Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски од МВР бараат потврда на автентичноста на разговорите. Тие ја спорат вистинитоста, бараат доказ дека тоа се нивните гласови, дека континуитетот на разговорите не е менуван, бараат потврда за точноста на времето кога почнале и кога завршиле.

    Адвокатката на Јанкулоска рече: „Ако не се прифатат приговорите, ќе побараме исклучување на јавноста. Во разговорите има приватност и учество на трети лица“.

    Таа се повика на Европската конвенција за човековите слободи и права. Судењето трае цел ден, одбраната постојано поднесува приговори. Звучниците за бомбите се наместени во судницата во новиот Основен суд Скопје 1.

    Кацарска уште еднаш укажа дека за речиси сите предлози советот веќе го изнел својот став и оти предлозите на одбраната се едни исти цело време.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира