70-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ СО КОВИД-19 ПОЧИНА НА ПАТ ОД ВЕЛЕС ЗА СКОПЈЕ, УШТЕ 33 СЛУЧАИ ОД 332 ТЕСТИРАЊА

    70-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ СО КОВИД-19 ПОЧИНА НА ПАТ ОД ВЕЛЕС ЗА СКОПЈЕ, УШТЕ 33 СЛУЧАИ ОД 332 ТЕСТИРАЊАГрафички приказ на процентот на позитивни од тестирани за КОВИД-19 во последните 30 дена. (Извор: Институт за јавно здравје)

    Триесет и три нови случаи на КОВИД-19 од 332 тестирања се потврдени во изминатите 24 часа, едно лице почина, а оздравени се 22 пациенти, соопшти Министерството за здравство. На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на Инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

    Новите случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата е 1.572, од кои  оздравени пациенти се 1.079, починати се 89, а во моментов активни случаи 404.

    Во изминатото деноноќие на Инфективната клиника примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти. Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

    На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на коронавирус.

    Институтот за јавно здравје за денеска регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје-2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани-2.

    Последната дистрибуција по градови е следна:
    Скопје – 526
    Куманово – 404
    Дебар – 51
    Штип-35
    Прилеп –166
    Тетово – 95
    Струга – 67
    Велес – 95
    Битола –22
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-6
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 31
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 2
    Делчево-1
    Валандово -1
    Виница – 2
    Кратово-1

    Направените 332 теста се преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен факултет -17, Авицена –13, Биотек -22, Филип Втори (Жан Митрев) –19, Систина со ПЦР метода -23 и МАНУ -20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД-19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира