БУГАРИЈА СТАВИ ВЕТО ВО ЕУ – НЕЈЗИНИТЕ БАРАЊА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО НЕ ВЛЕГЛЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА СО МАКЕДОНИЈА

    БУГАРИЈА СТАВИ ВЕТО ВО ЕУ – НЕЈЗИНИТЕ БАРАЊА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО НЕ ВЛЕГЛЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА СО МАКЕДОНИЈАСпоред бугарската министерка Захариева, не е постигнат забележителен напредок при исполнувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година. (Фото: Нова.бг)

    Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека Бугарија не ја одобрила преговарачката рамка за Македонија на денешниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија. За да почнат пристапните преговори со ЕУ, сите 27 земји мора да се согласат за содржината на преговарачката рамка.

    Захариева, на брифинг со бугарските новинари по видеоконференцијата со колегите од ЕУ, кажа дека Бугарија не ја одобрила рамката за Македонија затоа што не ги одразува бугарските барања, вклучувајќи ги оние за македонскиот јазик и македонското малцинство.

    „Можеме да ја одобриме преговарачката рамка за Албанија, бидејќи сметаме дека тие исполнија голем дел од поставените услови. Бугарија, во оваа фаза, не може да ја одобри преговарачката рамка за Република Северна Македонија“, изјави Захариева.

    Според бугарската министерка, не е постигнат забележителен напредок при исполнувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

    „Ние имаме три основни услови – придржување кон формулата за јазикот од 1999 година, распоред на активности како ќе се исполнува договорот, како и дека нема да поддржуваат претензии за македонско малцинство во Бугарија. Овие услови сè уште не се вклучени во преговарачката рамка“, кажа Захариева.

    Таа вели дека Бугарија е отворена за преговори и наоѓање решение, но се потребни компромиси од двете страни.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира