ДАЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ФЕТАИ ЗЕМА ПЛАТА ИАКО НЕ ДОАЃА НА РАБОТА ЗНАЕ ВЛАДАТА КОЈА ГИ СПРЕМА ЛИСТИТЕ ЗА ПЛАТА, ОДГОВОРИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА

    ДАЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ФЕТАИ ЗЕМА ПЛАТА ИАКО НЕ ДОАЃА НА РАБОТА ЗНАЕ ВЛАДАТА КОЈА ГИ СПРЕМА ЛИСТИТЕ ЗА ПЛАТА, ОДГОВОРИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКАПремиерот Мицкоски на 20 мај одби да одоговори дали вицепремиерот зема плата, рече одговор ќе има по заедничкиот состанок со Фетаи кој следи. (Фото: Влада)

    Министерството за финансии на упатувањето од Владата да прашаме во Финансии дали отсутниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи прима плата за недоаѓањето на работа, за САКАМДАКАЖАМ.МК одговори дека на тоа прашање може да одговори само Владата, а не тие.

    Вицепремиерот Фетаи ги повредува сите закони (Закон за работни односи, Закон за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица) со непојавувањето на работното место повеќе од два месеца.

    Премиерот Христијан Мицкоски повеќепати деновиве одбива да одговори колку точно време Фетаи не доаѓа на работа, додека сè уште е вработен и додека сè уште пред Собранието нема предлог за негово разрешување. Го штити и со неодговарање на прашањето: дали зема плата за тоа што не оди на работа?

    Ни владината прес-служба не одговара на овие прашања, а молк има и денеска откако Министерстовото за финансии ни кажа да не нè препраќаат од Влада кај нив за Фетаи, бидејќи како што наведуваат во одговорот, налозите за плата ги потпишува буџетскиот корисник, во случајов Владата.

    „Почитувани, во врска со Вашите прашања Ве известуваме дека платата на избраните и именуваните лица е регулирана и се исплаќа согласно на Закон за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица. Налогот за исплата на плати го подготвува соодветниот буџетски корисник и се реализира преку Трезорот на МФ согласно законските прописи“, ни одговорија од Министерството за финансии.

    Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК побара одговор од Финансии дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи зал плата за минатиот месец, со оглед на тоа дека со недели не се појавува на работа, и ако зел, дали е таа евентуално намалена и за колку, по насоки од Владата.

    На седницата за пратенички прашања од опозицијата на 18 мај, потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски на пратеничката од СДСМ Даниела Николова која праша кај е човеков и дали зема плата, ѝ кажа дека ќе ѝ биде одговорено на писмено.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира