ЈСП „СКОПЈЕ“ ВО 2025 СО ЗАГУБА ОД 550.000 ЕВРА, „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ИМА ДОБИВКА ОД ПОЛА МИЛИОН ЕВРА

    ЈСП „СКОПЈЕ“ ВО 2025 СО ЗАГУБА ОД 550.000 ЕВРА, „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ ИМА ДОБИВКА ОД ПОЛА МИЛИОН ЕВРАИ покрај тоа што ЈСП лани од буџетот на Град Скопје доби 13,5 милиони евра субвенции, годината ја заврши со загуба. (Фото: К. Попов)

    Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ лани ја завршило годината со загуба од 33.540.089 денари (550 милиони евра),и покрај тоа што од буџетот на Град Скопје доби 13,5 милиони евра субвенции.

    „Во текот на 2026 година основачот да најде начин за покривање на загубата со оглед дека се исцрпени законските резерви“, стои во одлуката на Управниот одбор на претпријатието која е точка на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи на 7 април.

    Со загуба работи и ЈП „Паркови и зеленило“. Ова претпријатие 2025 година ја завршило со загуба од 37.700.706 денари (615.000 евра).

    Со добивка работат јавните претпријатија „Градски паркинг“ и „Дрисла“. „Градски паркинг“ во 2025 година остварило добивка од пола милион евра, додека депонијата „Дрисла“ е 45.000 евра во плус.

    Од буџетот на Градот за 2026 година за субвенционирање на претпријатијата и установите се издвоени околу 18,5 милиони евра, од кои најмногу, 15 милиони евра, се за ЈСП „Скопје“. Ова е рекордна висина на субвенции кои ги добива ЈСП од Градот. „Комунална хигиена“ ќе добие 60 милиони денари, 80 милиони денари ,,Паркови и зеленило”, 20 милиони денари ,,Дрисла”, 15 милиони денари ,,Лајка” и 23 милиони денари за ,,Улици и патишта”.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира