КОГА Ѝ ЈА ИЗВАДИ ЛЕНТАТА НА ВАЊА И ВИДЕ ДЕКА СМЕ КИДНАПИРАЛЕ ДЕТЕ, А НЕ ЖЕНАТА ШТО ЈА СЛЕДЕЛ, ПАЛЕВСКИ ПРВО ЈА СЛИКАШЕ, А ПОТОА ЈА УБИ, КАЖА СОУЧЕСНИКОТ МАНЕВ ВО ЗАВРШНИОТ ЗБОР

    КОГА Ѝ ЈА ИЗВАДИ ЛЕНТАТА НА ВАЊА И ВИДЕ ДЕКА СМЕ КИДНАПИРАЛЕ ДЕТЕ, А НЕ ЖЕНАТА ШТО ЈА СЛЕДЕЛ, ПАЛЕВСКИ ПРВО ЈА СЛИКАШЕ, А ПОТОА ЈА УБИ, КАЖА СОУЧЕСНИКОТ МАНЕВ ВО ЗАВРШНИОТ ЗБОРПо завршниот збор, адвокатот рече дека неговиот клиент Манев (прв од десно во црвена маица) нема удел и со ништо не ги предизвикал убиствата на Панче и Вања, и побара ослободителна пресуда за него. (Фото: СДК.МК)

    И во завршниот збор на судењето за грабнувањата и свирепите убиства на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес на 22 ноември 2023 и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје 5 дена подоцна, обвинетиот Велибор Манев тврди дека со Боре Видевски мислеле оти напаѓаат и киднапираат возрасна жена од влезот, на која првообвинетито Љупчо Палевски-Палчо претходно ѝ ги учел навиките, ја следел.

    Неговиот адвокат Горан Бошевски во најситни детали ги опиша двете монструозни дела, а за Боре кој ги негира двете дела и негира присуство во нив, рече дека токму тој ја фатил личноста што ја грабнуваат (Вања) за раката и тој ѝ ја залепил лентата на уста, по што ја ставиле во вреќа, па во гепекот на стариот „ситроен“, украден од веќе убиениот Жежовски.

    „Кога ја отворивме вреќата, видовме училишен ранец. Палевски ѝ ја тргна лентата од устата на ‘жената’ и видовме дека е дете. Ја праша која е, кои се мајка ѝ, татко ѝ. Ја фотографираше со вперен пиштол во неа. Му тековме со Боре да го ослободи девојчето, и така сме под маски. Но тој зеде перниче од ѓубриштето и ја застрела во главата“, читаше адвокатот на Манев.

    По завршниот збор, адвокатот рече дека неговиот клиент Манев нема удел и со ништо не ги предизвикал убиствата на Панче и Вања, и побара ослободителна пресуда за него.

    На минатото рочиште Обвинителството побара доживотен затвор за сите обвинети, Палевски, Манев, Видевски и Влатко Кешишев.

    Обвинет е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за помагање во грабнувањето на неговото дете, што тој изрично го негираше.

    Денешното судење продолжи со завршниот збор на Боре Видевски. Неговиот адвокат кажа дека полицијата и Јавното обвинителство имаат погрешен пристап и ја однеле истрагата во промашен правец, кај погрешни луѓе.

    „Мојот клиент Боре Видевски е татко на две ќерки, одгледувал девојчиња, 30 години каратист и посветен тренер. Обвинителството го стави на столбот на срамот, без вистински докази за монструозните дела не само за него, туку и за останатите обвинети. Обвинителството не докажа поврзаност на Боре Видевски со овие кривично-правни настани”, кажа адвокатот Бојан Манев.

    И тој побара ослободителна пресуда за неговиот клиент.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира