КОМПРОМИСИТЕ СЕ БОЛНИ, НО МОРА ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ, МУ РЕЧЕ МЕРКЕЛ НА ЗАЕВ ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

    КОМПРОМИСИТЕ СЕ БОЛНИ, НО МОРА ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ, МУ РЕЧЕ МЕРКЕЛ НА ЗАЕВ ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА„Проблемот со името со Грција треба да биде решен и притисок во преговорите не е потребен“, вели Ангела Меркел. - Од заедничката прес-конференција со Заев (Фото: Твитер)

    Проблемот со името со Грција треба да биде решен и притисок во преговорите не е потребен, имам впечаток дека кај двете страни има интерес да се реши проблемот, рече германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по нивната средба во Берлин.

    „Јавните изјави можат да штетат на процесот. Компромисите се болни, но тие мора да се реализираат. Тоа подразбира висока дипломатска уметност и не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати“, рече канцеларката Меркел.

    За најавениот можен датум за завршување на преговорите на шесте земји од Западен Балкан за влез во ЕУ, германската канцеларка рече дека Европа ја интересира само брзината на исполнувањето на поставените услови, не бројки кога тие ќе се исполнат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира