Обвинетиот Бојан Јовановски со доцнење од 45 минути дојде во судницата каде го чекаа другите двајца обвинети во „Рекет“ Катица Јанева и Зоран Милевски. Го придржуваа под раце двајца полицајци.
„Не се чувствувам добро, имав 10 повраќања, не се сеќавам колкава ми е хипертензијата. Имам нова дијагноза, не ја знам. Јас сакав активно да учествувам на судењево, но не можам рационално да мислам и зборувам. Сакав јас да зборувам, но не можам. Не се чувствувам добро“, рече Јовановски.
- БОКИ 13 ЗАДОЦНИ 45 МИНУТИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“, БИЛ НА ПРЕГЛЕД УТРИНАВА
- КАТИЦА ЈАНЕВА И ЗОРАН МИЛЕВСКИ СО ПО ДВА АДВОКАТА ЧЕКААТ ВО СУДНИЦА ДА БИДЕ СПРОВЕДЕН БОКИ 13 ОД ШУТКА, ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“
Обвинителката Вилма Русковска по ова стана и кажа:
„Судија, ниеден лекар не би си ја ризикувал работата и лиценцата и да напише дека пациентот, во случајов Бојан Јовановски, дека е во добра здравствена состојба, а да не е добар“, рече обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на извештајот на специјалистите од Градската болница „8 Септември“, според кои Јовановски е пуштен од болница во добра здравствена состојба.
Судот се повлече 20-тина минути. Остави на лекарската екипа да изврши преглед на обвинетиот Јовановски.
Од прегледот ќе зависи дали судењето ќе почне со давање воведни зборови на обвинетите и одбраната, или ќе се одложи.
С. К. ДЕЛЕВСКА