ЛОКАЛЕН ПОЛИЦАЕЦ ГО ПРЕСРЕТНАЛ АТЕНТАТОРОТ НА ПОКРИВОТ ПРЕД ДА ПУКА ВО ТРАМП

    ЛОКАЛЕН ПОЛИЦАЕЦ ГО ПРЕСРЕТНАЛ АТЕНТАТОРОТ НА ПОКРИВОТ ПРЕД ДА ПУКА ВО ТРАМПЕден полицаец се качил на покривот и наишол на атентаторот, 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој ја вперил пушката кон полицаецот по што тој се повлекол, а Крукс почнал да пука кон Трамп. (Фото: АП)

    Кусо пред да одекнат истрели, посетителите на митингот на Доналд Тамп во Батлер, Пенсилванија забележале маж како се качува на врвот на покривот на блиската зграда и ги предупредиле локалните полициски сили, велат двајца полицајци.

    Еден полицаец се качил на покривот и наишол на атентаторот, 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој ја вперил пушката кон полицаецот. Полицаецот се повлекол по скалата, а Крукс брзо почнал да пука кон Трамп, и тогаш контраснајперистите на американската Тајна служба го застрелале, рекоа официјалните лица кои зборуваа за Асошиетед прес под услов да останат анонимни.

    Во нападот загина еден од присутните на митингот, а двајца гледачи беа тешко повредени. Трамп беше застрелан во уво.

    Претседателот Џо Бајден рече дека ќе и се обрати на нацијата од Овалната соба денеска во 20 часот по локално време во Вашингтон, по очигледниот обид за атентат врз Доналд Трамп на политички митинг. Бајден накратко зборуваше пред новинарите, велејќи дека тој и Џил Бајден се молат за семејството на убиениот на митингот и дека е искрено благодарен што Трамп „е добро и закрепнува“.

    „Нема место во Америка за ваков вид насилство, ниту за какво било насилство воопшто“, рече Бајден и повик на единство.

    Бајден рече дека тој и потпретседателката Камала Харис биле брифирани во Ситуациската соба од тимот за домашна безбедност и директорот на ФБИ. Претседателот рече дека ФБИ ја води истрагата, која е во рана фаза и дека се уште нема информации за мотивот на атентаторот кој беше убиен од американската Тајна служба.

    „Ги повикувам сите, ве молам, не правете претпоставки за неговите мотиви или неговите врски“, рече Бајден. „Нека ФБИ ја работи својата работа, а нивните партнерски агенции да си ја завршат работата. Дадов инструкции оваа истрага да биде темелна и брза и истражителите ќе ги имаат сите потребни ресурси за да го направат тоа“, рече Бајден.

    Рече дека наредил независна ревизија на безбедноста на вчерашниот митинг. Бајден рече дека ѝ наредил на американската Тајна служба да ги разгледа сите безбедносни мерки за Републиканската национална конвенција што започнува утре во Милвоки.

    По говорот на Бајден, Трамп објави кратка порака на социјалните мрежи , велејќи „Обединете ја Америка!“

    Трамп рече дека денеска попладне по локално време ќе отпатува во Милвоки пред Националната конвенција на Републиканците, каде неговата партија и формално ќе го прогласи за претседателски кандидат. Трамп на својата платформа „Трут соушал“ рече дека ќе прво го одложил патувањето по вчерашниот обидот за атентат, но одлучил дека не може „да дозволи ‘стрелец’ или потенцијален убиец да принуди промена на распоредот или било што друго“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира