МАЖ СИ ЈА УБИ 31-ГОДИШНАТА СОПРУГА ВО БИТОЛА

    МАЖ СИ ЈА УБИ 31-ГОДИШНАТА СОПРУГА ВО БИТОЛА33-годишниот сопруг е лишен од слобода. (Фото: СДК.МК)

    Денеска 31-годишна жена е убиена од нејзиниот 33-годишен сопруг во Битола. Убиецот е лишен од слобода. Убиството се случило на улицата Петта во битолската населба Баир.

    Од СВР Битола потврдија дека се работи за семејно насилство.

    „Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А. Р. (33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А. В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира