„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ СО ДВЕ НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР, ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ И ЗА СТРАНСКИ ФИЛМ, ИСПИША ИСТОРИЈА

    „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ СО ДВЕ НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР, ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ И ЗА СТРАНСКИ ФИЛМ, ИСПИША ИСТОРИЈА„Медена земја“ е филм за Атиџе Муратова, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во напуштеното овчеполско село Бекирлија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. (Фото: Љ. Стефанов)

    Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар, со што „Медена земја“ испиша историја.

    „Пред дождот“ на Милчо Манчевски е единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар, во 1995 година. Претходно, во 1980 како југословенски кандидат номинација за Оскар имаше добиено краткиот документарец „Дае“ на Столе Попов.

    Меѓу петте номинирани за најдобар документарец покрај „Медена земја“ се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“ и „За Сама“, а за најдобар странски филм номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

    „Медена земја“ е филм за Атиџе Муратова, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со мајка си зафрленото напуптено овчеполското село Бекирлија и која медот го собира по принципол пола-пола – пола за неа, пола за пчелите. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Екипата го снимаше документарецот во текот на три години.

    Победата на филмот на Санденс и огромниот успех  на светските фестивали каде во текот на 2019 собра 40-на награди, го измени од корен животот на протагонистката Атиџе Муратова, на која екипата ѝ изгради куќа во велешкото село Дурфулија и таа сега живее таму, а помош доби и номадското семејство Сам со осум деца.

    Деведесет и второто доделување на престижните Оскари е закажано на 10 февруари во театарот Долби во Холивуд. Преносот  почнува околу 2 часот пополноќ, според средноевропско време. Втора година по ред, церемонијата на доделување Оскари нема да има водител. Претседателката на ТВ-мрежата Еј-Би-Си, Кери Берк, кажа дека „преносот ќе се фокусира на она што добро функционираше и минатата година, како добра забава, врвни музички настапи и многу комедија и ѕвезди“. Церемонијата телевизиски ќе се пренесува во повеќе од 225 земји низ светот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира