МЕСТО ДА Е ОБВИНЕТ ВО СУДНИЦА, АНТОНИЈО ДЕЛИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗАТОА ШТО ИСТРАГИТЕ НА СЈО СЕДАТ ВО КУТИИ, КАЖА ФАТИМЕ ФЕТАИ

    МЕСТО ДА Е ОБВИНЕТ ВО СУДНИЦА, АНТОНИЈО ДЕЛИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗАТОА ШТО ИСТРАГИТЕ НА СЈО СЕДАТ ВО КУТИИ, КАЖА ФАТИМЕ ФЕТАИЦелта на преземањето на предметите од редовното обвинителство беше да нема застој, а истрагите седат во кутии, па ние буквално сме магационери и архивари, вели обвинителката Фатим Фетаи. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката Фатиме Фетаи се пожали дека предметите на СЈО во фаза на истрага кои беа преземени од редовното обвинителство седат во кутии и поради тоа некои осомничени лица за измами и злоупотреби место да бидат на обвинителна клупа во судница, тие делат правни совети како треба да се води истрага за надоместоците во СЈО. Конкретно, таа ја посочи истрагата „Моќник“ и осомничениот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

    „Целта на преземањето на предметите беше да нема застој, а истрагите седат во кутии и затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денеска да бидат во судница на обвинителна клупа, тие мавтаат со лажни бројки и делат правни совети како треба да се води истрагата за надоместоците на обвинителите од СЈО. Буквално, ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги, а има истраги кои се готови, спремни за обвиненија. Конкретно зборувам за „Моќник“ и осомниченото лице Антонијо Милошоски, кој место да си спрема одбрана за во судница, доколку се разбира ни беа поделени предметите, тој излегува по медиуми и дели правни совети“, изјави Фетаи пред денешното судење за „Монструм“.

    Милошоски вчера рече дека хонорарите во СЈО треба да се иследуваат како злоупотреба и проневера.

    Во случајот „Моќник“, Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. При презентирање на случајот, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека во заблуда бил донесен советот на општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања.

    Но, оваа истрага не ги опфаќа само злоупотребите и измамите со задружниот дом, туку и други дела поврзани со моќта на Милошоски како пратеник на власт. Се претпоставува дека делот со Томе Аџиев е поврзан со бомбата каде Антонијо му нарачува лустрација на неподобен судија од Кичево, Аџиев послушно ја прифаќа нарачката.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира