НЕ ПОЧНА НАСТАВАТА ВО ВОСПИТНО-ПОПРАВНИОТ ДОМ „ТЕТОВО“, ДРЖАВАТА ГИ ЗАТВОРИ И ГИ ЗАБОРАВИ ТИЕ ДЕЦА

    НЕ ПОЧНА НАСТАВАТА ВО ВОСПИТНО-ПОПРАВНИОТ ДОМ „ТЕТОВО“, ДРЖАВАТА ГИ ЗАТВОРИ И ГИ ЗАБОРАВИ ТИЕ ДЕЦАМОН го крши Законот за основно и средно образобание, зашто не им овозможува настава на штитениците во Домот. (Фото: СДК.МК)

    Наставата во Воспитно-поправниот дом (ВП) „Тетово“ во Волковија не почна на први септември. Убавите училници таму фаќаат прашина, а во домот има деца – основци, но и малолетни лица кои треба да учат средно образование.

    Народниот правобранител веќе реагирал во Министерството за образование и наука (МОН), но оттаму го игнорираат и не му одговараат на реакциите што учебната година во Домот не почнува. Образованието е основно човеково право загарантирано со Уставот, право на секое дете, а непосетувањето основно и средно, се казнува со закон.

    Државата само ги затвора овие деца за сторени полесни кривични дела, а потоа не им дава да учат, односно да се ресоцијализираат.

    Од „Тетово“ велат дека до Министерството за образование испратиле списоци на ученици кои треба да посетуваат настава од основно и од средно образование. Ни рекоа дека во институцијата има одлични услови и за физичка, и за онлајн настава. Но, дека од МОН зависи дали ќе има и кога би почнала наставата.

    САКАМДАКАЖАМ.МК вчера постави прашање до Министерството, односно до министерката Весна Јаневска, зошто уште не почна настава за штитениците во ВП Дом „Тетово“ и зошто МОН го игнорира Народниот правобранител кога праќа дописи и ургенции поради игнорирање на дописите, но досега не добивме одговор .

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира