Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да го потпише Изборниот законик со кој се бараат потписи од два отсто од избирачите во општината за независни кандидати да можат да учествуваат на локалните избори.
Пендаровски вели дека ако деновиве во Собранието се донесат измените, тој нема да ги потпише, бидејќи се оневозможува влез на други субјекти на политичката сцена.
„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до 1%. Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.
- ПРЕПОРАКАТА НА ОБСЕ/ОДИХР Е ПОТПИСИ ОД НАЈМНОГУ 1% ОД ИЗБИРАЧИТЕ И ОЛЕСНУВАЊЕ НА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
- ВО ГОЛЕМИТЕ ОПШТИНИ ПОИСПЛАТЛИВО ЌЕ БИДЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРА ПАРТИЈА ОТКОЛКУ ДА СЕ СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДАТУРИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Пендаровски вели дека измени пред избори би потпишал само доколку постои општ консензус за нов, кој во моментов го нема.
А. АНТЕВСКА