НИЕ ГЛЕДАМЕ ДАЛИ ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ИМАЛА ПРАВО ДА РАСПОЛАГА СО ПАРИТЕ ИЛИ НЕ, А ЗА ЕТИКА И МОРАЛ ТУКА Е ДКСК, ВЕЛАТ ОД СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    НИЕ ГЛЕДАМЕ ДАЛИ ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ИМАЛА ПРАВО ДА РАСПОЛАГА СО ПАРИТЕ ИЛИ НЕ, А ЗА ЕТИКА И МОРАЛ ТУКА Е ДКСК, ВЕЛАТ ОД СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВОВо надлежното Скопско обвинителство велат дека без разлика чии се парите – дали се на државата односно на граѓаните или не, Обвинителството гледа дали компанијата во случајов ‘Државна Лотарија’ има право да располага со парите, или не (Фото:СДК.МК)

    Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска по седницата на Советот на јавни обвинители на новинарско прашање одговори дека Јавното обвинителство ја анализира секоја ситуација од кривично-правен аспект и ако се утврдат основи, ќе покрене истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на независноста, од кои 90 отсто се на Државна лотарија, односно пари на граѓаните.

    „Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, Обвинителството ја анализира и ако најде основи, ќе постапи“, рече Савески.

    Во надлежното ОЈО Скопје за ова секојдневно прашање од 10 септември наваму кога се кажа дека од тие 340 милиони денари всушност само 40 милиони денари биле од приватни компании, а остатокот биле пари на државната компанија „Државна лотарија“, велат дека се уште не е покрената истрага, но се гледаат регулативи – дали смеело раководството да ги дава тие средства каде било.

    „Ние за етика и за судир на интереси не сме. Си има Антикорупциска комисија за тоа. Без разлика чии се парите – дали се на државата односно на граѓаните или не, Обвинителството гледа дали компанијата во случајов ‘Државна Лотарија’ има право да располага со нив, или не“, ни рекоа од Обвинителството.

    Предметот пак што го отвори ДКСК е само за евентуален судир на интереси на Николче Мицевски, член на комисијата што го избра предлогот на фирмата „Стардаст“, а потоа се јави како директен учесник во програмата во рамките на концертот на Хозе Карерас, како автор на оркестрациите. Воопшто не е ни за Лотарија, ни за Владата, ни за потрошените народни пари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира