ОДЛУЧИВ ДА ГИ РАЗРЕШАМ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СИТЕ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА СДСМ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ОДЛУЧИВ ДА ГИ РАЗРЕШАМ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СИТЕ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА СДСМ, РЕЧЕ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев реше дека понатаму следат промени и во повисоките органи и тела на партијата СДСМ од каде доаѓа, а потоа и во извршната власт (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев рече дека синоќа донел одлука да ги разреши сите претседатели на општински ограноци во СДСМ, и дека тоа е дел од почетокот на промените кои ги очекуваат граѓаните. Тој кажа дека во текот на денешниот ден админиситарцијата во СДСМ во текот на денот ќе ги подготви решенијата и тој ќе ги потпише.

    „Одлуката е дека се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, дружењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, како и на сите оние претседатели на општинските организации каде се победи на изборите. Апелирам повторно да бидат кандидати и да се кандидираат на следниот конкурс што идната седница ќе биде објавен во постапка“, рече Заев, по работниот состанок со Сојузот на стопански комори.

    Тој кажа дека во првата половина на јуни ќе ги објават промените и во јавните претпријатија, министерствата и владата и дека веројатно следната недела ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети, бидејќи до кајот на неделата ќе се разговара во рамки на партиите, а веќе од следната недела ќе почнат да излагаат на површина и одредени одлуки.

    „Во мојата политичка партија таму каде што сум јас директно надлежен во изборот на претседатели на општинските одбори, одлуката ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството, затоа што тоа е мое право. Конечната одлука е таа сите претседатали на општински организаци, и веднаш органите и телата на партијата ќе донесат одлука за постапка за избор на нови раководства. Со разрешување на претседателите на општинските организации, паѓаат извршните одбори на локално ниво, затоа што тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации. Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани. Постојат за да бидат добра алка за премостување и решавање на проблемите на граѓаните, се со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што постои пред нас“, рече Заев.

    Тој кажа дека почнал со општинските организации, бидејќи тоа е наједноставно, односно дека со статутот за тоа одлука носи само тој, а другите промени се во одлуки на органите и телата на СДСМ.

    „Секако следат одлуки за промени во највисокото раководство, во другите повисоки органи и тела на партијата, буквално на секое ниво“, рече Заев.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира