ОДЗЕМЕНИ ДВА ТЕЛЕФОНА НА ВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ, ИМАЛО ИНДИКАТИВНА КОМУНИКАЦИЈА ВО МОБИЛНИОТ НА ПРИТВОРЕНИОТ ВРХОВЕН СУДИЈА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ

    ОДЗЕМЕНИ ДВА ТЕЛЕФОНА НА ВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ, ИМАЛО ИНДИКАТИВНА КОМУНИКАЦИЈА ВО МОБИЛНИОТ НА ПРИТВОРЕНИОТ ВРХОВЕН СУДИЈА НАЌЕ ГЕОРГИЕВНаводно, има и анонимни пријави за земање мито за упис на кандидати за слушатели за судии и обвинители.(Фото:СДК.МК)

    Екипа на МВР – Оддел за Крим полиција и Оддел за сузбивање на организиран криминал, по наредба на судија на претходна постапка, денеска од крајот на работното време па до 19 часот била во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, откаде одзеле два мобилни телефона од вработено лице во Академијата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК .

    Истражителите дошле до сознанија дека ова вработено лице е поврзано со уапсениот врховен судија Наќе Георгиев, кој е во притвор за земање мито за влијание врз судии за да помогне во постапка за обвинет.

    Од Обвинителството за организиран криминал за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека воопшто не станува збор за акција, туку за проверка на индиции, поради што биле одземени и двата мобилни телефона на вработеното лице, кое комуницирало со врховниот судија Георгиев.

    Екипата истражители сепак не дошла само по телефоните, туку ја интересирале и седмата, осмата и деветтата (последна генерација) чие школување е во тек. Наводно, има и анонимни пријави за земање мито за упис на кандидати за слушатели за судии и обвинители.

    За седмата генерација зеле документација за член од фамилијата на Георгиев, школуван во Академијата и веќе избран за судија.

    За осмата генерација ги интересирал видео-надзорот од квалификацискиот испит.

    За деветтата генерација како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, чие школување е во тек, ги интересирала само една кандидатка од слушателите за судии и обвинители, за која поради заштита на личните податоци и пресумпција на невиност, исто така идентитетот нема да ѝ го објавиме.

    Било прашано и за системот за тестирање ИНВОКА на Драги Рашковски, за кој по неговото апсење Академијата за судии експресно го раскина договорот со фирмата, па оттаму истражителите биле упатени дека тој е запленет во доказните материјали кои се наоѓаат во судот, во предметот „Рашковски“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира