НOВОИЗБРАНИОТ ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ НАКЕ ГЕОРГИЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПРЕД ДА ДАДЕ ЗАКЛЕТВА ВО СОБРАНИЕ, МУ ОТВОРИ ПАТ НА СИН МУ ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА СУДИЈА

    НOВОИЗБРАНИОТ ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ НАКЕ ГЕОРГИЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПРЕД ДА ДАДЕ ЗАКЛЕТВА ВО СОБРАНИЕ, МУ ОТВОРИ ПАТ НА СИН МУ ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА СУДИЈАОд денешната седница на Судскиот совет (Фото: К. Попов)

    Врховниот судија Наке Георгиев си поднесе оставка од член на Судскиот совет, по неколкудневни кавги во Судскиот совет дека не е законски тој како член на Судскиот совет да го бира синот за судија.

    „Драго ми е што беше разбран од колегите категоричниот став дека законски не е возможно судија да биде избран во ситуација кога член од семејството е избран во Судскиот совет”, кажа Весна Дамева.

    Судиите Ивица Николовски, Мери Радевска и Весна Дамева, неофицијално, ги убедиле новоизбраниот член на Судскиот совет Наке Георгиев и неговите поддржувачи во Советот, дека мора да си даде оставка од функцијата, ако сака неговиот син кој заврши Академија за судии и обвинители, да биде избран за судија.

    Во стапицата сам се фати Георгиев, зашто ни тој, ни поддржувачите во Судскиот совет, не го прочитале членот 43, став 4 од Законот за судови, кој вели: „за судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар“.

    Наке Георгиев се кандидираше за член на Судскиот совет како единствен кандидат од Врховен суд, а поддржувачите од Советот, му ја запреа постапката за разрешување.

    За истата работа за која беше претставката, тројца апелациони судии од Штип беа разрешени, а тој се спаси.

    Тој пред нецели две недели беше избран за нов член на Судскиот совет од редот на врхвните судии само со 6 гласа, од кои едниот беше негов. Другите врховни судии или не излегоа на изборот пред две недели, или го испочкртаа гласачкото ливче со само еден кандидат, Наке Георгиев.

    Денеска во обид да се протнат и таткото и синот, Собранието ја одложи заклетвата на новоизбраните членови на Судскиот совет Наке Георгиев и Антоанета Димовска, за во 14 часот.

    Намерата беше првин да се избере синот на Наке Георгиев за судија, а потоа таткото да положи заклетва и да седне на столчето во Советот.

    Но, овие тројца судии, на крајот го разубедиле него и колегите во Советот дека тој веќе има решение дека е избран за член на Судскиот совет и дека не е заклетвата во Собрание таа што прави некого член на Советот. Неколку дена овие тројца членови предупредувале делка ако помине ваква егзибиција, Советот врши кривично дело.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира