ПЕНДАРОВСКИ НЕКА ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГО ИЗГЛАСААТ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, А НЕ ДА НИ СЕ МЕША ВО РАБОТАТА, ВЕЛАТ ОД ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ПЕНДАРОВСКИ НЕКА ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГО ИЗГЛАСААТ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, А НЕ ДА НИ СЕ МЕША ВО РАБОТАТА, ВЕЛАТ ОД ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВООд Јавното обвинителство велат дека сега не е момент за напади на институциите и нема да дозволат дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. - Претседателот Стево Пендаровски на вчерашната прес-конференција (Фото: Ѓ. Личовски)

    Јавното обвинителство смета дека вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци не е реална, бидејќи не ги повикал пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и не дал поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото. Од Јавното обвинителство велат дека сега не е момент за напади на институциите и нема да дозволат дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.

    „Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

    Оттаму ја уверуваат јавноста дека за предметот „Рекет“ се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот.

    „Подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите“, повторуваат од Јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира