ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СИ ЗАМИНАА ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА, ЗА НЕДОБИВАЊЕТО ДАТУМ БАРААТ ДА СЕ ЗБОРУВА НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СИ ЗАМИНАА ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА, ЗА НЕДОБИВАЊЕТО ДАТУМ БАРААТ ДА СЕ ЗБОРУВА НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на говорницата на Комисијата за европски прашања (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се дискутира за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ по блокадата на Франција.

    Пратеникот Антонијо Милошоски на говорницата излезе со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, велејќи тоа е сликата кога лани двајцата го излажале народот дека земјава добила датум за почеток на преговори. Милошoски кажа дека досега барале за неуспехот да се разговара на Комисијата за надворешни работи, а не на ваква, како што кажа, владина забава.

    „Османи и Димитров лани по пат го загубија датумот. Денеска наместо оставка ќе ви понудат манипулативни изјави. Ние нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на Владата. Ви посакувам пријатна забава денеска“, рече Милошоски.

    На седницата на Комисијата за европски прашања покрај пратеници, присуствуваат и претставници на амбасадите и делегациитe во земјава.

    Вицепремиерот Бујар Османи кажа дека не постои ниту една земја која не го поздравила и потврдила напредокот на земјава.

    „Одлуката на Еврооскиот совет е неправда и историска грешка. Но, патот на Северна Македонија и понатаму е евроатланската перспектива“, кажа Османи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира