ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ЖИВ ЅИД ГО БРАНАТ ЗВРЛЕВСКИ ОД РАЗРЕШУВАЊЕ

    ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ЖИВ ЅИД ГО БРАНАТ ЗВРЛЕВСКИ ОД РАЗРЕШУВАЊЕПратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу сопартиецот Антонијо Милошоски, од кого Џафери побара да ја напушти говорницата оти нема добиено збор. (Фото: СДК.МК)

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток ја блокираа седницата за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски, излегувајќи масовно сите на говорницата пред претседателот на Собранието Талат Џафери, кој го замоли Антонијо Милошоски да ја напушти говорницата и да почека да му даде збор.

    На самиот почеток, Илија Димовски и Антонијо Милошоски го побараа одговорот од Антикорупциска комисија како услов да почне расправата за разрешување на Зврлевски.
    Пратениците од опозицијата бараат од Антикорупциската комисија да протолкува дали може според Изборниот законик по распишување на локални избори да се разрешува избран функционер, во случајот обвинителот Зврлевски.

    Џафери повикува обезбедување да воспостави ред, но набрзо потоа даде пауза. Тој смета дека нема пречка Собранието да продолжи со работата додека се чека одговорот од Антикорупциска. Според него, тие забрани во Изборниот законик не се однесуваат на работата на Собранието, туку на Владата и нејзините институции.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира