„РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ СИМНАТА ОД ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА, СЕ ЧЕКА „СЕВЕРНА“

    „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ СИМНАТА ОД ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА, СЕ ЧЕКА „СЕВЕРНА“Утрово не забележавме никакви активности на фасадата на зградата - (Фото: К. Попов)

    Буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата се симнати најверојатно во текот на ноќта за да се направи место за новото име на државата Република Северна Македонија.

    Утрово не забележавме никакви активности на фасадата на зградата.

    Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика Република Северна Македонија.

    Следниот чекор е Република Северна Македонија и Грција да достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната спогодба. По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останатите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени. Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена“, велат од МНР.

    Грчкиот парламент на 8 февруари го ратификуваше Пристапниот протокол за Македонија да му се приклучи на НАТО, со 153 гласа „за“ и 140 гласа „против“. Пристапниот протокол сега треба да биде ратификуван и од останатите 28 земји членки на Алијансата, по што Македонија со новото име Северна Македонија ќе стане 30. членка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира