САКАМ ДА ГО ИСПРАШАМ ФИЈАТ ЦАНОСКИ, ТОЈ КОНТАКТИРАЛ И ТОЈ СЕ ДОГОВАРАЛ СО ГРУЕВСКИ, ПОБАРА ОБВИНЕТИОТ ВО „ТНТ“ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ

    САКАМ ДА ГО ИСПРАШАМ ФИЈАТ ЦАНОСКИ, ТОЈ КОНТАКТИРАЛ И ТОЈ СЕ ДОГОВАРАЛ СО ГРУЕВСКИ, ПОБАРА ОБВИНЕТИОТ ВО „ТНТ“ МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИОбвинетиот Миле Јанакиески реагираше што судот не му дозволува да го повика оштетениот Фијат Цаноски за сведок. - Миле Јанакиески; Фијат Цаноски; Никола Груевски (Фото: СДК.МК)

    Судскиот процес „ТНТ“ за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски ќе продолжи утре, откако новите адвокати на обвинетите побараа да извршат увид во предметот.

    „Ќе ви удоволам на барањата, но утре во 9.30 продолжуваме“, рече Ставрев.

    Судијата Ставрев речиси до 1 часот ги чекаше да пристигнат тројцата адвокати по службена должност на местото на оние кои денеска не дојдоа и заработија казни од по 2.000 евра.

    Додека траеше паузата, обвинетиот Миле Јанакиески реагираше што судот не му дозволува да го повика оштетениот Фијат Цаноски за сведок.

    „Сакам да го распрашам судија за сѐ. Тој контактирал, тој зборел со Груевски“, рече Јанакиески.

    Тука обвинителот Бурим Рустеми го потсети дека токму обвинетите и одбраната приговарале на предлогот Цаноски да биде сведок.

    Јанакиески на новинарите им подели примерок од поднесоци до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, со кои бара да му се дозволи да сведочат бизнисмените Фијат Цаноски и Ардијан Амзоски. Тој се повикува на членови од ЗКП и на судска пракса, според кои на оштетени лица им се дозволува да присуствуваат на судења, а потоа да бидат и сведоци.

    И судијата Ставрев тоа го кажа и дополни дека не може Цаноски сега да сведочи, бидејќи доаѓаше и ги следеше скоро сите рочишта на ТНТ овие две години. Исто и бизнисменот Амзоски, иако со помал интензитет на присуство на рочиштата.

    „Убаво ќе беше и обвинетиот Груевски да го распрашам судот, а и вие обвинетите, но тој не е тука“, рече Ставрев.

    „Да, за жал Груевски не е тука“, кажа Јанакиески.

    Судијата Ставрев зборуваше за однесувањето на адвокатите на обвинетите.

    „На повеќе од 50 места се менувате вие, адвокате Димитар Дангов. Не можете да дојдете, па на колегата Еленко Миланов му велите да ве смени, и обратно. Па потоа со други. Затоа велам дека ова е злоупотреба. Доаѓа крајот на судењето, вие откажувате полномошно на Елисавета Најдовска, се менувате со адвокат кој бара превод на албански јазик на целиот предмет“, рече судијата Огнен Ставрев, додека се чекаат адвокатите по службена должност.

    За него, ова е директна опструкција на завршетокот на судскиот процес за „ТНТ“.

     

     

    Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира