ШЕСТ ПОЧИНАТИ, 54 НОВОРЕГИСТРИРАНИ СО КОВИД-19 И 42 ИЗЛЕЧЕНИ ПАЦИЕНТИ

    ШЕСТ ПОЧИНАТИ, 54 НОВОРЕГИСТРИРАНИ СО КОВИД-19 И 42 ИЗЛЕЧЕНИ ПАЦИЕНТИВо болницата „8 Септември“ починаа две лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59). (Фото: СДК.МК)

    Шест пациенти со КОВИД-19 починаа во изминатото деноноќие, а регистрирани се 54 нови случаи, информираа од Министерството за здравство. Излечени пак се 42 пациенти од кои 10 се испишани од Инфективната клиника, а 32 се пациенти од Дебар и Скопје кои се лекуваа дома.

    „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во болницата ‚8 Септември‘ починаа две лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59)“, соопштија од Министерството за здравство.

    Новите 54 случаи на КОВИД-19 се од Скопје-13, Куманово-25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 908 лица, од кои 86 излечени и 44 починати.

    Според местото на живеење, досега се регистрирани во Скопје – 329, Куманово – 236, Дебар – 49, Штип-28, Прилеп – 85, Тетово – 38, Струга – 43, Велес – 34, Битола – 9, Охрид – 4, Кавадарци – 3, Гостивар – 9, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 22, Пробиштип – 2 и во Кичево – 1 пациент.

    Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен факултет -18, во „Авицена“ – 20, „Биотек“ – 24 и во болницата „Филип Втори“ – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира