Домаќинствата кои добиле повисоки сметки за струја за месец јануари бидејќи биле префрлени во четвртиот тарифен блок, треба да побраат корекции, велат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од таму велат фирмата ЕВН Хоме е должна да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.
„Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добие одговор во законски предвидениот рок од 8 дена, има право да поднесе приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да се приложи: копија од вложениот приговор до ЕВН Хоме, одговорот од компанијата и копија од сметката по која се приговара“, велат од Регулаторна комисија.
Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски на е-поштата: [email protected] и [email protected].
Од 1 јануари 2025, цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент односно 0,92 %. Конкретно, во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %.