СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ГРУЕВСКИ

    СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ГРУЕВСКИГруевски се спасува од испорачување во матичната држава каде што го чека одлежување двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, како и пет други истраги за тежок криминал. - Груевски во судница во Будимпешта (Фото: СДК.МК)

    Судот во Будимпешта го одби барањето на Министерството за правда за екстрадиција на азилантот Никола Груевски за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Според унгарските колеги новинари, кои не присуствувале на расправата за аргументите „за“ и „против“ екстрадицијата бидејќи седницата на судот беше затворена, но беа таму кога се читаше одлуката, Груевски се спасува од испорачување во матичната држава каде што го чека одлежување двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, како и пет други истраги за тежок криминал вклучувајќи ја и таа за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.

    Судијката Ева Варежи рекла дека условите за екстрадиција не се исполнети, ниту се исполнети условите за меѓународната потерница, распишана од македонските власти.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира