Љирим З. од тетовско село, кој подолг период ја продавал и сексуално ја експлоатирал, ја претепувал, и нанесувал тешки телесни повреди, ја горел со цигара и ја терал да задоволува мажи кои тој ги наоѓал на социјалните мрежи, седна на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје.
Обвинетиот често преку видеоповик, на Вибер, во живо гледал како клиентите сексуално ја експлоатираат неговата сопруга. Ако бил незадоволен од тоа што го гледа, ако клиентот не постигнал задоволство, за тоа ја обвинувал жената и дополнително ја повредувал.
Тој е обвинет за трговија со луѓе, но и за друго тешко кривични дело кое поради Законот за заштита на правата на детето, нема да го пласираме во јавноста.
Услугите ги наплаќал во кокаин и во пари.
Покрај Љирим, обвинети се и неколку од клиентите за кои се најдени докази во мобилните телефони: Наим М., Самир Т., Димал С. (недостапен), Арменд Н. и Фљорим Ј. .
Меѓу клиентите има дедо со 4 деца и внуци.
Тие признаа вина. Постапката за нив судија од Организиран криминал Ненад Савески, ја раздвои.
Во другата остануваат првообвинетиот Лирим и недостапниот Димал С.
Обвинителката за организиран криминал Сузана Мирчевска во воведниот збор кажа дека станува збор за кривично дело Трговија со луѓе, со кое се задира во најсуптилните човекови права и кај посебна категорија на оштетени лица кои се нарекуваат жртви на ова кривични дело, во случајов жена и деца.
„Станува збор за континуиран случај на сексуална експлоатација во најразличен вид. Се работи за семејство од татко мајка и малолетни деца во кое таткото својата доминантна улога ја злоупотребил како во односот со сопругата, така и во односот со децата. Со физичка сила и закани по животот нејзин и нејзините родители и браќа, ја принудувал да дава сексуални услуги на лица што ги наоѓал на социјалните мрежи. Креирал лажен профил и митаг преку кои им се обраќал и им кажувал што да и прават на оштетената Икс”, кажа обвинителката.
Корисниците доброволно имале сексуални односи со жртвата.
Клиентите често морале да достават и доказ, преку видеоповик кон првообвинетиот. Тој имал увид во бројот на сексуалните услуги, дали цената одговара и слично. Клиентите плаќале до пари и со дрога. Дека сето тоа е правено на сила врз жртвата, има многу докази. Сопругот физички ја злоставувал, и нанесувал тешки телесни повреди. Кога нејзината мајка пријавила семејно насилство, ќерката била во многу тешка состојба за што обвинителството има фотографии и медицинска документација”, зборуваше Мирчевска.
Таа ги обвинува клиентите дека знаеле оти жртвата е принудена да го прави тоа.
„Знаеле од нејзиниот изглед, од повредите на телото и од нејзиното однесување. Сопругот насилнички се однесувал и врз нив, ако нивните дејства не му биле по волја, или ако клиентот направил помалку, за што ја обвинувал жртвата”, кажа обвинителката дека жртвата е допретепувана и ако клиентот или тој како воајер не се задоволни од неа.
Дел од клиентите ги забележале овие работи, па некои од нив само платиле и се откажале.
„Сѐ што правела жртвата, било под тешка физичка и психичка присила”, кажа обвинителката.
По ова, на прашање дали се чувствува виновен, Љирим З. стана и кажа дека не се чувствува за виновен.
Наим М., корисник на услугите на сексуално експлоатираната жена, се изјасни за виновен, како и останатите обвинети клиенти: Самир Т., Армен Н. и Фљорим Ј. .
Тие признаа вина и судијата Ненад Савески ја раздели нивната постапка од таа на првообвинетиот и на недостапниот клиент.
С. К. ДЕЛЕВСКА