ТРИ ЖЕНИ ЗАГИНАА, ПО МАЖ СЕ ТРАГА ВО НЕСРЕЌАТА НА КОЛА ИЗЛЕТАНА ВО ВАРДАР ОД ПАТОТ РАШЧЕ-КОНДОВО

    ТРИ ЖЕНИ ЗАГИНАА, ПО МАЖ СЕ ТРАГА ВО НЕСРЕЌАТА НА КОЛА ИЗЛЕТАНА ВО ВАРДАР ОД ПАТОТ РАШЧЕ-КОНДОВОЧетиригодишно дете е спасено од минувачи кои помогнале по несреќата и го извлекле од колата. (Фото: МИА)

    Три жени загинаа, а по еден маж се трага во несреќата која денеска се случи на патот од Рашче кон Кондово и Сарај, Скопско, кога автомобил излета од патот и падна во Вардар, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Четиригодишно дете е спасено од минувачи кои помогнале по несреќата и го извлекле од колата. Дететo е е згрижено во Детска хирургија. Телата на жените се најдени во колата.

    „Возилото кое излета во Вардар во близина на село Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три женски лица. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува“, кажа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за несреќата што се случи околу 16 часот.

    Според информации од болницата, состојбата на спасеното дете е стабилна.

    „Имаше почетна хипотермија (односно смрзнување и ладење на телото), но беше брзо санирана таа состојба. Направени се проценки кои се уредни, но, поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за понатамошни опсервации“, изјави Лазо Јовчевски, директор на Детска Хирургија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира