ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ИНТЕРВЈУ СО ТВ НОВИНАР ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, МИЦКОСКИ Е НЕГАТИВЕН, ЗА ЗАЕВ СЕ ЧЕКА РЕЗУЛТАТОТ

    ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ИНТЕРВЈУ СО ТВ НОВИНАР ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, МИЦКОСКИ Е НЕГАТИВЕН, ЗА ЗАЕВ СЕ ЧЕКА РЕЗУЛТАТОТФото: СДК.МК

    Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ќе бидат 14 дена во самоизолација, откако имале контакт со новинар позитiвен на коронавирус, кажа утрово на вонредна прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

    „Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот. Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ“, изјави Филипче.

    Тој кажа дека двајцата лидери се веќе тестирани, тестот на Христијан Мицкоски е добен доцна синоќа и е негативен, меѓутоа ќе остане во 14-дневен карантин. Додека, на Зоран Заев, резултатите ќе бидат сооопштени во текот на денов. Тој синоќа заминал за Струмица за таму да биде во домашна изолација , и оттаму е испратен брисот во Институтот за јавно здравје во Скопје.

    „Новинарот е во добра состојба и е во Градската општа болница ‘8 Септември’“, рече Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира