БОЛЕСТА НЕ Е ПОСИЛНА ОД МЕНЕ – АНЕТА БОШЕВСКА И СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА СОЗДАВА УМЕТНОСТ

    БОЛЕСТА НЕ Е ПОСИЛНА ОД МЕНЕ  – АНЕТА БОШЕВСКА И СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА СОЗДАВА УМЕТНОСТ„Цело време се обидувам да се борам со болеста и успеав да ѝ кажам дека не е посилна од мене. Цртав токму кога ќе ме фатеа најтешките моменти. Сфатив дека можам да направам во тие моменти прекрасни дела, не гледв колку е часот, некогаш цртам цела ноќ“, вели Анета Бошевска. (Фото: СДК.МК)

    „На болеста успеав да ѝ кажам дека не е посилна од мене“, вели битолчанката Анета Бошевска која долги години боледува од мултиплекс склероза, што не беше пречка успешно да твори и да ја одржи првата самостојна изложба „Уметност, љубов, вино“. На изложбата во битолската Магаза таа ја покажа својата физичка сила да слика и во најтешките моменти од животот, како и својата душевна моќ преку делата да ја пренесе љубовта, вербата и надежта.

    „Сето ова почнав да го правам како хоби, со нешто да се занимавам бидејќи не сум тип на човек кој може да се затвори дома. А, тоа ми се случи, па морав да барам излез психички да се одржам, бидејќи точно знаев што значи МС. 30 години се борев со мојата мајка која ја имаше истата болест. Цело време се обидувам да се борам со болеста и успеав да ѝ кажам дека не е посилна од мене. Цртав токму кога ќе ме фатеа најтешките моменти. Сфатив дека можам да направам во тие моменти прекрасни дела, не гледв колку е часот, некогаш цртам цела ноќ“, вели Бошевска.

    Изложбата која беше организирана од Здужението „Златно перо“ од Битола имаше продажен карактер, а средствата ќе бидат искористени за нејзино лекување, како и за набавка на материјали за да продолжи да црта. (Фото: СДК.МК )

    Педесетината изложени творби беа изработени на платно во акрил, а дел исенчени. Заедничка им беше пораката за љубовта кон луѓето, верата, цвеќето. Бошевска освен на уметноста, љубител е и на цвеќето, одгледува орхидеи. Талентот за сликање го носи од мала, но не му се посветила, сѐ до пред една година кога нејзиниот син се подготвувал за натпревар по ликовно воспитување, па наставничката за да им помогне на децата праќала примери на слики. Така, Бошевска постепено почнала да слика и во сѐ што нацртала не погрешила.

    „Бев среќна зашто тоа ме исполнуваше, психички ме опушташе и секоја моја слика е направен со голема љубов. Следуваа периоди кога морав во Скопје на лекување. Но, кога ќе се вратев без разлика на тоа колку не можев да творам, продолжував“ , вели Бошевска.

    Изложбата која беше организирана од Здужението „Златно перо“ од Битола имаше продажен карактер, а средствата ќе бидат искористени за нејзино лекување, како и за набавка на материјали за да продолжи да црта.

    Педесетината изложени творби беа изработени на платно во акрил, a дел се исенчени. (Фото: СДК.МК )

    „Многу сум задоволна од посетеноста, искрено средствата ми требаат за лекови, а и многу сакам да продолжам да сликам, а тоа чини. До сега целиот материјал го купував сама, но повеќе нема да можам да го правам тоа бидејќи лековите ми се многу важни. Витаминската терамија што ја примам не смеам да ја прекинам, таа чини, се случува некогаш и два пати месецот да одам на клиника во Скопје“, вели  Анета и додава дека никој не треба  и во најтешкото да се откажува.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира