ОД СИТЕ ЦРКВИ ВО СТРУМИЦА, ЗА КРШТЕВКА НАПЛАЌА САМО ПРАВОСЛАВНАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД СИТЕ ЦРКВИ ВО СТРУМИЦА, ЗА КРШТЕВКА НАПЛАЌА САМО ПРАВОСЛАВНАТА

    Македонската православна црква (МПЦ-ОА), Католичката и Евангелско-Методистичката се трите најголеми цркви во Струмица, каде верниците се молат, но и ги извршуваат своите верски обреди. Во поново време се појавија и други цркви со свои објекти,  но со значително помал број верници. Но од сите цркви, само МПЦ – ОА наплаќа такса за крштевка, околу 2.800  денари од кои кумот плаќа 1.200 денари, а останатите родителите на бебето. За крштевање не наплаќа Католичката црква, ниту пак  Евангелско-Методистичката  која воопшто нема тарифник за црковните обреди за своите верници.

    „Имаме тарифник кој не е променет цели 20 години. Владиката Наум не дозволува зголемување на таксите. Во тарифникот пишува дека за оној што е под социјална заштита и нема пари, задолжително треба да се извршат обредите независно дали станува збор за крштевка, венчавка или погреб. Мора да има тарифник, бидејќи со свеќа од 3 или од 5 денари не се покриваат платите на свештените лица, а друг извор на средства немаме. Ние не сме како на Запад каде на секој верник од бруто платата одреден процент оди за Црквата“, вели Димитар Крцев, свештеник во црквата „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“ во  Струмица, кој одговорно тврди дека ниту еден верник не бил вратен од црквата ако нема пари да плати.

    otec-dimitar-krcev

    „Ние не сме како на Запад каде на секој верник од бруто платата одреден процент оди за Црквата“, вели Димитар Крцев, свештеник во црквата „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Според него, тарифникот што го има воведено струмичката епархија за извршување на обредите воопшто не е висок наспроти, сѐ она што го гледал кога има крштевка или венчавка во црквата ,,Св. 15 Тивериополски свештеномаченици“. Се чуди кога ги слуша гласовите дека тарифникот бил доста висок, а во црквата се однесуваат како најголеми богаташи.

    katolickata-crkva-uspenie-na-presveta-bogordic-a

    Тарифник има и Католичката црква, која во Струмица брои околу 5.000 верници во регионот но единствено за крштевка не наплаќа – Католичката катедрала Успение на Пресвета Богородица (Фото: СДК.МК)

    „На крштевка или венчавка ми идат по тројца сниматели и фотографи. До црква доаѓаат со по десетина музичари. Плаќаат за нив, а не сакаат да платат на црквата, што е малку чудно или пак реагираат на нашата тарифа“, вели отец Крцев и тврди дека црквата секогаш помага на сиромашни и болни луѓе од даровите што се оставааат кај нив.

    Тарифник има и Католичката црква, која во Струмица функционира повеќе од 90 години и брои околу 5.000 верници во регионот. Единствено за крштевка не наплаќа. Во оваа црква, таксата за венчавка и за погреб е илјада денари, а се ослободени сите кои што се социјално загрозени или немаат средства за егзистенција.

    „Единствено за крштение нема никаква такса. Секој што сака да биде крстен, го крштеваме. Но ако дојдат од друга вероисповед да се крштеваат овде поради тоа што е бесплатно, не го крштеваме. Ги крштеваме само оние кои имат желба да бидат дел од нашата заедница. Во тарифникот имаме строга наредба дека за сиромашни и социјално загрозени не треба да наплатуваме“, вели Ѓорги Трајков, свештеник во Католичката катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, и додава дека како Црква секогаш помагале на граѓаните независно чии верници се.

    „Им помагаме колку што сме во можност и не бараме да бидат наши верници, оти христијански е да се помогне и ги подучуваме да си ја почитуваат верата“, вели отец Трајков.

    evangelsko-metodisticka-crkva

    „Се водиме од словото ’дарум добивте, дарум давајте’ – велат од Евангелско- методистичката црква која во Струмичко собира околу 2.000 верници – црквата во Струмица (Фото: СДК.МК)

    За разлика од МПЦ и Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква нема свој ценовник односно тарифник за обреди. Оваа црква има околу 2.000 верници како во Струмица така и во Моноспитово, Муртино и Вељуса.

    „За сите дејствија во Црквата и надвор од неа ние не наплаќаме, бидејки како проповедници имаме лични примања кои се организирани на ниво на Црква. Се водиме од словото ’дарум добивте, дарум давајте’ така што, како Црква се трудиме колку што може повеќе да помогнеме“, вели надзoрниот проповедник од Евангелско-Методистичката црква Миле Цеков.

    Струмичани со кои разговаравме сметаат дека црквите треба да имат свој атрифник, но да биде симболичен согласно примањата на верниците, бидејќи во услови на сиромаштија и невработеност секој не може да издвои и за давачки за црковните обреди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира